Сончеви панели држат сенка и произведуваат струја

Bez autora
Jul 31 2013

Возилата на вработените што се паркираат пред Ректоратот на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ) во Тетово добија сенка, која ја создаваат сончеви панели. А тие, не само што прават сенка, туку и ќе произведуваат струја, која Универзитетот ќе ја користи за сопствени потреби. Паркингот всушност е фотонапонска централа од 100 kW, поврзана на интерната нисконапонска мрежа, чие производство на струја ќе влезе во системот на Универзитетот и годишно ќе прави заштеди од над 12 отсто во трошоците за електрична енергија. Во 2010 година Универзитетот изработи Kлиматски акционен план (KАП), со кој презеде обврска во период од 10 години да ја намали емисијата на јаглероддиоксид за 35 отсто во споредба со 2010 година. Ваквата цел може да се постигне преку низа дефинирани мерки, кои на глобално ниво опфаќаат оптимизација на користење на енергијата, употреба на обновливи извори на енергија и подигање на свеста. Изградбата на фотонапонска централа спаѓа токму во делот на употреба на обновливи извори.

Сончеви панели држат сенка и произведуваат струјаВозилата на вработените што се паркираат пред Ректоратот на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ) во Тетово добија сенка, која ја создаваат сончеви панели.

А тие, не само што прават сенка, туку и ќе произведуваат струја, која Универзитетот ќе ја користи за сопствени потреби. Паркингот всушност е фотонапонска централа од 100 kW, поврзана на интерната нисконапонска мрежа, чие производство на струја ќе влезе во системот на Универзитетот и годишно ќе прави заштеди од над 12 отсто во трошоците за електрична енергија.

- Во 2010 година Универзитетот изработи Kлиматски акционен план (KАП), со кој презеде обврска во период од 10 години да ја намали емисијата на јаглероддиоксид за 35 отсто во споредба со 2010 година. Ваквата цел може да се постигне преку низа дефинирани мерки, кои на глобално ниво опфаќаат оптимизација на користење на енергијата, употреба на обновливи извори на енергија и подигање на свеста. Изградбата на фотонапонска централа спаѓа токму во делот на употреба на обновливи извори - објаснува Дарко Спировски, кој е одговорен за реализација на проектот, инаку вработен во Институтот за животна средина и здравје при ЈИЕУ.

Препораките на KАП се дека треба да се инсталираат панели со вкупен капацитет од 500 kW за период од 10 години, а во првата фаза поставените панели се со инсталирана моќност од 100 kW.

- Нашата „централа“ е единствена по тоа што е инсталирана на паркинг-простор со толку голем капацитет, истовремено е и прв со толкав капацитет чија произведена енергија се користи исклучиво за сопствени потреби и секако единствен проект со толкав капацитет финансиран од високошколска образовна институција. Нејзина примарна цел не е исклучиво економска добивка преку заштеда на енергијата, туку да послужи како пример за заедницата заради подигање на свеста за важноста на употребата на обновливите енергии - вели Спировски.

Тој објаснува дека идејата за изградба на еден ваков капацитет потекнува од 2009 година, кога на македонскиот пазар стана актуелна „фидинг тарифата“ за откуп на произведена електрична енергија од фотонапонски системи. Во Тетово се проценува дека има меѓу 1.250 и 1.350 часа квалитетно сонце годишно, кое може паметно да се искористи.

Централата во текот на годината ќе произведе помеѓу 125.000 и 135.000 kWh електрична енергија, која ќе се искористи за потребите на ЈИЕУ, односно за толку ќе ја намали досега преземаната енергија од националниот снабдувач. Освен тоа, како секундарна придобивка е и намалување на трошокот за максимално оптоварување, просечно за околу 50 kW месечно во текот на годината

Потрошената електрична енергија Универзитетот лани го чинела околу 130.000 евра, во кои се пресметани преземената електрична енергија и максималното оптоварување. Се очекува дека со произведената енергија од фотонапонската централа, годишно минималната заштеда ќе се движи од 8.500 до 9.500, а дополнително, заштедите во делот на максималното оптоварување ќе бидат околу 7.500 евра. Односно, вкупно очекуваната просечна минимална заштеда би изнесувала околу 16.500 евра годишно или околу 12,5 отсто.

- При овие пресметки е користен конзервативен пристап, каде што се добиваат минимални резултати. Реалноста може да покаже дека заштедата може да биде и поголема. Всушност, резултатите од мерењата на производството на енергија во текот на годината и реалните заштеди, кои ќе се евалуираат кон крајот на јули в година ќе бидат добра основа за понатамошните чекори кон втората фаза - вели Спировски.

Инвестицијата, која Универзитетот ја покри со сопствени средства, чини 170.000 евра, а ако фотонапонската централа со ваков капацитет се реализираше на покрив или на отворено поле инвестицијата ќе беше значително пониска.

- Ако цената на електричната енергија остане константна, во иднина очекувањата се средствата да се вратат за период од 10 години. Но ако таа порасне, периодот на враќање на инвестицијата ќе стане пократок. Ако се земе предвид дека ваквите инвестиции се прават за економски век на експлоатација од 40 години, времето на враќање на инвестицијата е поволно - додава Спировски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik